Весела новогодишна атмосфера и денеска на Градскиот плоштад, каде беше изведена детската театарска претстава „Ракавиците на Дедо Мраз”.

Најмладите заедно со своите родители уживаа во интересна приказна исполнета со забава и многу музика, и препознатливите ликови на Дедо Мраз, џуџињата, Снежана, волкот и зајакот.

Празничната програма за најмладите на градскиот плоштад продолжува утре, со детскиот тeатарски хит „Далматинко и Дедо Мраз” со почеток во 12:30 часот.

OhridNews