Еден млад брачен пар на излет на езерото Миневанка во Канада останал вчудоневиден од упадот на една верверица на нивната фотографија. Го наместиле фотоапаратот на една карпа и се наместиле да се фотографираат. Одеднаш се појавила верверицата.


Ја заинтересирал звукот на тајмерот кој одбројувал на апаратот, и скокнала пред објективот баш во токму во моментот кога апаратот фотографирал. Фотографијата ја испратиле на “National geografic” кои ја потврдиле нејзината автентичност и ја објавиле.