Медиумите од Индиана, САД, јавуваат дека една верверица влегла во електричниот систем во домот МекМилен во Форт Вејн и дека предизвикала струен удар со такви размери што го спалила новиот HVAC систем (греење, вентилација и климатизација), и уништила делови го котларата. Вкупниот трошок за поправка на штетата бил проценет на околу 300 илјади долари.

Друштвениот дом МекМилен сеуште е во изградба и требало да биде отворен на 7 мај, но овој настан најверојатно малку ќе ја одложи церемонијата. Компанијата задолжена за HVAC системот вели дека сега прави се што е во нејзина можност како центарот би се отворил на време. Верверицата не го преживеала овој несреќен случај.