Вработените во еден забавен парк во Велика Британија морале да постават специјален систем за да спречат една верверица да се качува на тобоганот на смртта. Спорет вработените во забавниот парк во Стафордшир, секое утро пред редовното тестирање на тобоганот, ја наоѓале верверицата на некое од возилата.


Не ги напаѓала гостите, но често можела да се забележи на самите шини, што претставувало голема опасност за оние кои го обожавале овој тип на забава. Затоа вработените одлучиле да ја спречат верверицата во своите излети. тоа го постигнале поставувајќи алармен систем нечуен за луѓето, кој се покажал како многу ефикасен, бидејќи верверицата престанала да се појавува на тобоганот.