Неколку верверички,очигледно големи љубители на кокосот, ги заглавиле своите глави во два ореви додека ја јаделе неговата содржина. Редовно оделе во дворот на Џејн Робертс од Ферхем, Велика Британија. Често ја краделе храната оставена за птиците, но сега полуделе по кокосот.


Џејн секоја седмица оставала по два ореви во дворот. Направила дупки во нив за да можат да дојдат до содржината. Вели дека тие едноставно не можеле да се заситат од кокосовите ореви. Кога ги јаделе изгледале како суштества од друга планета.