Една третина од гледачите во Швајцарија не можеле завчера директно да го следат свеченото затворање на Олимписките Игри во Пекинг поради хаварија во преносот на електричната енергија која ја предизвикала верверичка, пренесуваат швајцарските медиуми.
Околу 30% од гледачите, на кои директен пренос им овозможила франкофонската швајцарска телевизија, го гледале спектакуларното затворање на ЛОИ дури вечерта, бидејќи верверичка на пладне предизвикала краток спој.
Хаварија погодила 6 000 приклучоци во Цирих, а прекините траеле речиси два часа за емисиите на германски, италијански и француски јазик. Најтешко бил погоден францускиот канал. Животното не преживеало.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com