Натпреварот од првата рунда во плеј аут лигата во македонското првенство меѓу Кожув и Аба Струмица заврши со “тесни“ 146-62. Натпреварот кој изгледал битка на мачка и глушец го добија “гевгеличани“ со 84 поени разлика, што преставува една од најголемите победи во македонската кошаркарска историја.
Пред месец дена екипата од Гевгелија на натпреварот одигран во купот ја совлада струмичка АБА со 119-42. 
Очигледно е дека струмичките кошаркари се повеќе фокусирани на карневалот кој им следи, отколку на играњето со портокаловата топка.
М.П.