Во обвинителството за организиран криминал денес пред надлежен обвинител на распит беше донесен Зоран Верушевски, првоосомничениот во акцијата Пуч.

Поранешниот шеф на полициската тајна служба УБК е осомничен за шпионажа и помагање при насилство спрема претставници на највисоките државни органи. Четвртоосомничен во акцијата Пуч е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Верушевски во притвор е втор месец откако претходно притвор му беше одреден за нелегално поседување оружје.

OhridNews