Уништувањето на патоказите и другата вертикална сигнализација во Охрид, за жал, веќе не е вест туку секојдневие. Чувството на грижа за општите добра е одамна изгубено. Изливи на деструкција ни се случуваат пред очи, на улица во соседството, па дури и во домовите. И би можеле така во недоглед за загубените морални вредности за што сведочат „ремек делата“ кои зад себе ги оставаат несовесните граѓани. Последниот нивни „потпис“ е урнатиот патоказ на ул. „Македонски Просветители“ кај скаличките.


Вертикалната сигнализација во хоризонтала