Макс Верстапен, лидерот во шампионатот на Формула 1, говорел за односот што го има со актуелниот шампион, Луис Хамилтон.
Ова е особено интересно, по инцидентот во кој беа вклучени двајцата возачи на трката за Големата награда на Велика Британија. Хамилтон го закачи болидот на Верстапен, по што Холанѓанецот заврши надвор од патеката. Поради силината на ударот, тој мораше да оди во болница на дополнителни прегледи.
Се почитуваме, но далеку од тоа дека имаме некаков близок однос. Имаме различни животни стилови, се гледаме само на трките, – рече Верстапен.
Холанѓанецот пред трката во Унгарија има осум поени повеќе од Хамилтон.
Не играм никакви психолошки игри со Хамилтон. Се обидувам да се фокусирам само на трките. Останатото не ме допира. Знам дека до самиот крај борбата ќе биде неизвесна, не смеам непотребно да си ја трошам енергијата, – додаде Верстапен.
Формула 1 шампионатот продолжува со трката на Хунгароринг, на 1.август.
OhridNews