Возачот на Ред бул, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Австралија што се возеше рано утрово по средноевропско време на патеката Алберт парк во Мелбурн.
На подиумот се најдоа уште двајца шампиони, Луис Хамилтон кој заврши на второто место и Фернандо Алонсо кому ова му беше трет подиум сезонава на трето место.
Трката траеше повеќе од два и пол часа поради трите старта, од кои два после црвено знаме и еден старт после безбедносно возило.
Најголем губитник на австралиското гран при е тимот на Ферари. Леклер не ја заврши трката, а Карлос Саинц доби казна од 5 секунди поради сударот со Алонсо при стартот по црвено знаме во 56 круг, со што остана без бодови.
Следната трка ќе се вози низ улиците на Баку за Големата награда на Азербејџан.
Г.М.