Пилотот на Ред Бул Макс Верстапен победи на хаотичната трка за Големата награда на Бразил што се возеше вчера во исклучително тешки услови со обилни врнежи од дожд на патеката Интерлагос. Со триумфот Холанѓанецот се доближи до освојување на четвртата последователна светска титула во Формула 1.

Победата на Верстапен добива на тежина бидејќи тој стартуваше од 17 позиција, но со одлично возење ги искористи сите грешки на конкурентите во што предничеше неговиот најголем конкурент за титулата Ландо Норис од Мекларен, кој иако стартуваше од пол позицијата заврши шести.

На подиумот се искачија Французите Естебан Окон и Пјер Гасли.

На три трки до крајот Верстапен има 62 бода предност пред Норис.

Г.М.