Актуелниот светски првак и лидер во генералниот пласман Макс Ферстапен (Ред Бул) победи на десетата трка сезонава во Формула 1 која попладнево се возеше на патеката Силверстон за Големата награда на Велика Британија.
За 25-годишниот Холанѓанец ова е 43 победа во кариерата, од која осма оваа сезона, а шеста во низа.
Воедно, Ред Бул по 11 пат во серија триумфираше со што го израмни досегашниот рекорд на Мекларен од 1988 година.
Единаесет во серија. Тоа е прилично лудо, порача Ферстапен преку тимското радио.
Британецот Ландо Норис (Мекларен) мина втор низ целта, додека неговиот сонародник Луис Хамилтон (Мерцедес) беше трет.
Трката за Големата награда на Велика Британија привлече 160.000 гледачи, а следната трка е на 23 јули за Големата награда на Унгарија.
OhridNews