Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трката возена за Големата награда на Белгија.
Холанѓанецот 44-те круга на патеката Спа-Франкошамп ги заврши пред клупскиот колега Серхио Перез и Шарл Леклер од Ферари.
Верстапен на стартот тргна од шестата позиција, но и тоа не му беше пречка на крајот на убедлив начин да дојде до првото место оставајќи ги зад себе најблиските конкуренти за повеќе од 20, односно 30 секунди.
За Верстапен ова е 45. Победа во кариерата и трета во низа во Белгија. Во тековната сезона актуелниот светски првак победи на осмата последователна трка и вкупно десетта.
Ред Бул победи на 13. трка по ред и постави рекорд во историјата на Формула 1.
Верстапен е лидер во поредокот за возачи со 314 бодови пред Перез со 189 бодови и Алонсо од Астон Мартин со 149.
Ред Бул води во шампионатот за конструктори со 503 бода, втор е Мерцедес со 247, на трето место е Астон Мартин со 196.
Следната трка во Формула 1 ќе се одржи во Холандија на 27 август.
OhridNews