Холандскиот возач Макс Верстапен (Ред Бул) е погласен за победник на Големата награда на Белгија, која денеска требаше да се вози на патеката СПА-Франкошамп, но поради силниот дожд практично и не се одржа.
Трката требаше да започна во 15 часот по средноевропско време, но по кругот за загревање возачите беа испратени во боксот, а стартот беше одложен за 20 минути.
Во тој круг од патеката излета Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул) и го оштети болидот, со што не можеше ниту да ја продолжи трката.
По неуспешниот втор обид за старт на трката во 18:17 часот по локално време возачите по трет пат беа повикани на патеката, но поради силниот дожд и слабата видливост белгиското Гран при и дефинитвно беше откажано, а Макс Верстапен беше прогласен за победник. Пласманот на другите возачи беше одреден според редоследот по кој требаше да стартуваат со исклучок на Перез, кој беше „поттурнат“ на последното 20 место.
Со таквиот расплет на настаните немаше премногу задоволни, а исклучително остар во реакцијата беше актуелниот светски првак Луис Хамилтон
Сè е за пари. Двата круга беа сценарио поради парите. Сега сите ќе ги добијат своите пари, а мислам дека треба да си ги добијат назад и гледачите. Штета што не можевме да се тркаме утре. Ова денеска не беше трка. Мислам дека денеска беше повлечен погрешен потег, изјави Хамилтон за британските медиуми.
Возачите добија половина од вообичаените бодови, по што во генералниот пласман Верстапен го намали заостанувањето зад Хамилтон. По 12 трки, Хамилтон има 202.5 бодови, а Верстапен 199.5.
Следната трката во Формула 1 е на распоредот на 5 септември кога ќе се вози за Големата награда на Холандија.
OhridNwes