Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Шпанија во Барселона.

Дваесет и шестгодишниот Холанѓанец ја постигна седмата победа оваа сезона и 61 во кариерата.

Ландо Норис, претставник на Мекларен, заврши на второто место. Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон го освои третото место.

Со 219 бодови, Верстапен продолжува да води во поредокот во Формула 1 за возачи оваа сезона. Норис се искачи на второто место со 150 поени, трет е Шарл Лекелр од Ферари со 148.

OhridNews