Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена во Баку за Големата награда на Азербејџан.
Второто место му припадна на тимскиот колега од Верстапен, Серхио Перез, кој исто така доби и дополнителен поен за најбрз круг на трката.
Место на победничкиот подиум си обезбеди и Џорџ Расел од Мерцедес.
За одбележување се и двете откажувања на возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц кои имаа проблеми со болидите.
Верстапен благодарение на победата го зголеми водството на табелата. Холанѓанецот сега има 150 пред Серхио Перез кој со 129 освоени бода го престигна Шарл Леклер и се искачи на второто место. Леклер е трет со 116 бодови.
Во поредокот кај конструкторите, Ред Бул е убедлив лидер со 277 бода по осум трки, Ферари е втор со 199 бодови.
Следната етапа во Ф-1 шампионатот ќе се одржи во Канада од 17 до 19 јуни.
OhridNews