Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен ја коментираше победата на трката од Формула 1 шампионатот возена синоќа за Големата награда на Канада.

Возачот на Ферари, Карлос Саинц го освои второто место. Трет заврши Луис Хамилтон од Мерцедес.

На крајот на трката, Верстапен беше пред Саинц за 0,9 секунди.

Генерално, тимот на Ферари беше многу брз во трката, па ми беше многу тешко да се одлепам, дури и со нови гуми. Крајот беше навистина возбудлив. Дадов сЕ од себе, а истото го направи и Карлос. Последните неколку круга беа многу забавни. За среќа, оваа сезона сме побрзи на правците и тоа многу помага, изјави Верстапен за „Скај спорт“.

За 24-годишниот пилот оваа победа беше деби во кариерата во Монтреал (Канада), шеста сезонска и вкупно 26 во кариерата.

OhridNews