Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен одговори на прашањето дали болидот на Ред Бул ги оправда неговите очекувања на Големата награда на Бахреин, оставајќи ги настрана проблемите со сигурноста.
Не, не. Очекував повеќе, но има одредени причини за откажувањета. Овде, во Саудиска Арабија, ќе се обидеме да направиме подобри резултати. Не бев баш среќен на крајот во Бахреин, бидејќи долго возев на второто место и можев да заработам многу бодови. За жал, не завршив ни јас ни мојот клупски колега, но сепак научивме многу и ќе се обидеме да ги примениме овие информации овде, изјави Верстапен.
Квалификациите за Големата награда во Саудиска Арабија ќе почнат попладнево во 18 часот, а главната трка е закажана за утре од 19 часот.
OhridNews