Јос Верстапен, таткото на актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, соопшти дека неговиот син може да го напушти Ред Бул, ако остане тимскиот менаџер Кристијан Хорнер.

Според „The Telegraph“, Јос Верстапен во разговор со извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф за време на Големата награда на Бахреин остро го критикуваше првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, барајќи отказ за менаџерот.

Новинарите гледаат на постапките на Јос како обид да се изврши притисок врз матичната компанија Ред Бул да го отстрани Хорнер.

Менаџерот на австрискиот беше под внатрешна истрага спроведена од матичната компанија за можно несоодветно однесување манифестирано преку испраќање сексистички пораки до колешка. На крајот Ред Бул објави дека по темелна истрага не се најдени докази за барање одговорност од Хорнер.

OhridNews