Во знак на протест поради укинувањето на Веронауката во основното образование, учителите по Веронаука и граѓани од Охрид денеска ќе се приклучат на протестот што во организација на повеќе невладини организации ќе се одржи пред седиштето на Уставниот суд во Скопје.
 
Вчера мирен протест се одржа на плоштадот кај чинарот во Охрид, на кој помала група граѓани изрази негодување на одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во училиштата.

Ohridnews