Верна кучка 6 недели го чувала телото на својот газда кој извршил самоубиство во долина на североисточен Колорадо.

Телото на 25 годишниот Џек Баусингер е пронајдено во неделата, околу 120 километри оддалеченост од Денвер.


Кеш, женка германски овчр, е пронајдена покрај него, дехидрирана и ослабена, но жива. Се претпоставува дека преживеала хранејќи се со глувци и зајаци.

Исчезнувањето на Џек е пријавено на 28 јуни, а опсежната потрага не дала резултати се додека минатата недела некој ранчер ја здогледал Кеш, и следејќи ја го пронашол телото на Џек.

Истражувачите веруваат дека кучката ги држела којотите подалеку од телото.