Блиска средба помеѓу демонстрантите, главно студенти по архитектура, кои протестираа против изградба на црква на плоштадот „Македонија“ во Скопје и подржувачите на ваквата идеја се случи вчера во центарот на главниот град. Демонстрантите беа нападнати од неистомисленици, а во кошкањето пред телевисиските камери и очите на полицијата имаше и шлаканици, тупаници, навреди, па дури и клетви. Меѓу демонстрантите, како што дознаваме имало и охриѓани.
Студентите обвинија за недостаток на демократија и организиран напад врз нив, додека верниците кои излегоа на протест во знак на поддршка на владината идеја за изградба на црква на плоштадот во Скопје, негираа било каква поврзаност со групата која се судри со студентите.
Инцидентот го осуди премиерот Груевски кој се огради од учесниците во нередите, кои според демонстрантите биле политички организирани. Инцидентот политичките ривали СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го искористија за меѓусебни обвинувања.