Кардиналот од Неапол, Италија изјавил дека е во ред верниците да го бакнуваат шишето со крв од еден локален светец и покрај стравот за ширење на новиот грип. На интернет страницата на Неаполската Надбискупија се наведува дека кардиналот Кресенцио Сепе ќе им  дозволи на верниците да го бакнат шишето во катедралата на годишната церемонија која ќе биде одржана на 19 септември.


Како што е соопштено, кардиналот се консултирал со лекари и научници за евентуалната опасност кога илјадници луѓето бакнуваат шишето на светецот кој бил маченички убиен во 305 година. Сепе изјавил дека верува во моќта на молитвата и заштитата од светците.