Голем број верници вчера го посетија Свети Климентовиот храм Свети Пантелејмон на Плаошник, по повод празникот посветен на двата светители.
Верниците доаѓаа во текот на целиот ден да се поклонат пред моштите на заштитникот на Македонската православна црква и на градот Охрид, Свети Климент.
По повод празникот утрото на Плаошник се одржа Света архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, во сослужение со митрополитот Струмички господин Наум и митрополитот Европски господин Пимен.
Вчерашниот празник е посветен на Св. Пантелејмон кој бил лекар и исцелител и на кого Св. Климент ја посветил црквата која тој ја изградил на Плаошник. На овој ден исто така, се празнуваме и споменот на Св. Климент, најголемиот меѓу учениците на Светите Кирил и Методиј, основачот на најстариот Универзитет, просветител кој писменоста и Христовата вера ги раширил низ Европа.
OhridNews