Во сите верски храмови низ Охрид и земјава масовно се одбележа денот на раѓањето на Марија- Богородица, Рождеството на Пресвета Богородица, кај народот познат како празникот Мала Богородица.
  
Една од најпосетените во Охрид беше црквата Св. Богородица- Каменско во која верниците, преку целиот ден доаѓаа и палеја свеќи во чест на раѓањето на мајката на Исус Христос, молејќи се за здравје и среќа. 

OhridNews