Верниците во текот на целиот ден ги посетуваа храмовите на Македонската православна црква во Охрид на најтажниот ден во христијанството – Велики Петок, денот кога Исус Христос бил распнат и умрел на крстот. Тие се поклонуваат пред одарот, оставаат црвени јајца и дарови на распетието, се молат и палат свеќи за здравје. 

Храмовите ќе бидат посетени и во текот на утрешниот ден кога на полноќ ќе биде објавена радосната вест за Воскресението Христово. 

OhridNews