Православните верници деновиве во голем број ги посетуваат црквите во охридско. Традиционално најмногу посетители има на Плаошник каде освен охриѓани доаѓаат и туристи. Но, полни се и другите парохиски цркви каде верниците вчера палеа свеќи за здравје, оставаа велигденско јајце и поминуваа под плаштеницата која го симболизира одарот на кој било положено телото на Исус Христос. Верниците и вечерва ќе ги исполнат храмовите каде свештените лица ќе ја соопштат радосната вест за Воскресението Христово.


За многу години!

Ohridnews