Велигден е најголемиот празник на христијаните. Традиционално празникот масовно се одбележува во Охрид каде денеска реки народ се слеваа кон православните храмови.

Верниците трпеливо во редови чекаа да влезат во храмовите на МПЦ да запалат свеќа и да се помолат за здравје и среќа.

Таква слика денеска затекнавме и во црквата Св. Никола во Долна влашка маала која беше претесна да ги прими сите верници.

Велигден традициоланло се слави три дена.

Г.М.