Верниците денеска масовно го посетуваат храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ каде утрово се одржа богослужба за празникот Голема Богородица.

Традиционално по завршувањето на Литургијата, беше извршен мал водосвет и се кршеше празничниот колач. Верниците палат свеќи и се молат за здравје.

Верниците го исполнија храмот Каменско за празникот Голема Богородица

Празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица, е меѓу позначајните христијански празници кој многу е почитуван во Охридскиот регион.

Г.М./Н.С.Ј.