По повод големиот верски празник Богојавление Водици голем број верници утрово се упатија во црквите на богослужбите.
Богослужбите во охридските парохиски цркви почнаа во 7 часот наутро, а литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала ќе се сретнат на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот и ќе се упатат на пристаништето.
Според предвиденото, точно во 10 часот ќе почне церемонијата на осветување на езерските води, по што од кај Светилникот на пристаништето ќе биде положен чесниот крст во студените води на Охридското Езеро.
OhridNews