Голем број верници утрово се упатија во црквите на богослужбите по повод големиот верски празник Богојавление Водици.
Богослужбите почнаа во 7 часот, а по завршување на истите, литиите со верници ќе се упатат од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот, по што ќе се упатат на пристаништето.
Според предвиденото, точно во 10 часот од Светилникот на пристаниште Дебарско – кичевскиот митрополит Тимотеј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.
OhridNews