Клуб без навивачи не е клуб, а РК Охрид ги има најдобрите поддржувачи на своја страна. Навивачката група Рибари тоа го покажа и докажа безброј пати оваа сезона во ракометната Супер лига. По две дерби средби во регуларниот дел, лутите ривали Охрид и Струга ќе одиграат уште две во плејаутот. Првата ќе се одигра утре вечер во спортската сала Билјанини Извори во Охрид со почеток во 19 часот. Пред Езерското дерби навивачката група Рибари на тренингот на РК Охрид, вечерва, приреди вистинско шоу, искажувајжи им уште еднаш голема поддршка на своите миленици.
По квалитет двете екипи во моментов се далеку пред конкуренцијата во плејаутот па растоварено ќе ја завршат сезоната во која не можеа да фатат чекор со конкурентите кои имаа и повеќе од двојно поголеми буџети.
Ракометна атмосфера се чувствува насекаде низ Охрид, за што сведочат бројните транспаренти и графити кои повикуваат на дерби.
OhridNews
Крсте Андоновски: Само со победа можеме да им се оддолжиме на охриѓани
Славиша Димитријески: Знаеме што не очекува и што треба да направиме да победиме