На автопатот Белград – Скопје, кај Ниш, се случил верижeн судир во кој учествувале 30 возила. Во несреќата повредени се 17 луѓе, од кои три потешко. Меѓу повредените шест се деца. Сообраќајот на овој потег од автопатот бил во прекин повеќе часови.

Причина за сообраќајната незгода биле лошите временски услови и тоа што дел од возилата немале зимски гуми.

OhridNews