Над 40 возила и камиони се судриле во верижен судар во Унгарија, во близина на Будимпешта. Унгариските медиуми јавуваат дека има голем број повредени лица и опожарени возила.
There has been a mass car crash involving several vehicles, including trucks on one of #Hungary‘s main highways.
Fortunately, and miraculously, no fatalities have occurred, but dozens are injured, some seriously.
My thoughts are with the victims. Wishing them a swift recovery. pic.twitter.com/5H8PQzwjVe— Koskovics Zoltán (@KoskovicsZ) March 11, 2023
Несреќата се случила попладнево на околу 25 километри западно од Будмпешта. Според првичните информации што ги објавуваат унгарските медиуми, 20-тина возила се целосно опожарени, а околу 36 луѓе се повредени. На лице место се упатени бројни пожарникари, полицајци и екипи на итната медицинска помош.
Се претпоставува дека причина за сударот е силниот ветар кој носел облаци прашина и ја отежнувал видливоста на автопатот М-1.
OhridNews