Германскиот тенисер Александар Ѕверев ја освои титула на турнирот во Лондон, кој означува крај на сезоната во тенисот. Во финалето младиот тенисер го совлада првиот носител Новак Ѓоковиќ во два сетови (6-4, 6-3).

За Ѕверев ова е прва титула од АТП турнирите, а потполно заслужена, бидејќи во полуфиналето и финалето ги победи Рожер Федерер односно Ѓоковиќ.

  • Не можам да го опишам чуството како се осеќам. Оваа титула е мое најголемо достигнување во мојата кариера. Морам да му честитам на Ѓоковиќ, не само за овој турнир туку и за сите резултати кои ги оствари во втората половина од оваа сезона. Немаше никакви тајни меѓу нас, игравме и пред недела дена. Јас имам свој ден, додека на Ѓоковиќ не му тргна најдобро. – изјави Ѕверев.

 

Германецот втора сезона по ред на АТП листата ќе финишира на четвртата позиција, а Ѓоковиќ со фантастичен кам бек ќе презиме на врвот.

OhridNews