Маж и жена кои се забавувале пет години откриле дека се брат и сестра пред самата венчавка. Оваа вест им ја соопштиле нивните родители. Жената требало да се породи следниот месец и била очајна поради фактот што татко на нејзиното дете бил нејзиниот брат. Парот кој се запознал за време на студирањето одлучил запознавањето со родителите да го остави за пред самата венчавка. Но кога дошол тој момент следел големиот шок. За време на состанокот со родителите им било кажано дека тие двајца всушност се брат и сестра, кои биле разделени уште како мали. Овој пар од Јужна Африка бил одгледуван одвоено, откако нивните родители минале низ многу напорен, бурен и исцрпувачки развод. Тогаш девојчето имало осум месеци, а момчето две години. Таткото рекол дека ја напуштил сопругата кога дознал дека го изневерува во далечната 1983 година, па така девојчето останало со мајката, а момчето со таткото. Поради тоа децата пораснале одвоено во градовите Нелспурт и Бусбукбриџ, за се сретнале и се засакале во 2007 година за време на студиите.


Нивните семејства никогаш не се сретнале за време на нивната петгодишна врска, се до неодамна кога ги повикале како би ги договориле деталите за бракот. Девојката, која била очајна поради ситуацијата, рекла дека тоа била љубов на прв поглед. Студирале заедно и веднаш многу се поврзале. Истиод ден се заљубиле и никогаш повеќе не се свртеле зад себе. Се што сакале е да основаат семејство и да имаат многу деца. Додала дека никој не може да замисли како се чувствувале кога ја слушнале веста дека се брат и сестра. Не знаеле што ќе му речат на детето кога ќе порасне. Парот одлучил да се раздели откако ја разбрал ситуацијата. Сега заедно со родителите се обидуваат да одлучат кое е најдобро решение за нив и за детето.