Џорџ Клуни и Амал Аламудин на големо ја припремаат својата венчавка, а гласнини гружат дека нивното брзање е предизвикано од фактот што идната невеста е бремена. Пред само неколку месеци, сите биле убедени дека Клуни засекогаш ќе остане најпосакуван холивудски ерген. Сепак, сентименталниот живот на славниот актер од неодамна е во трета брзина. Не само што се верил и шти е на прагот да се ожени, туку и наскоро би можел да стане татко.
Гласините за наводната бременост на Амал следувале откако медиумите објавиле фотографии на кои вереницата на Клуни носи широка облека. На една фотографија Амал е во долг фустан под кој наѕира заоблен стомак. Нејзината бременост би можела да ја објасни забрзаноста со која таа и Клуни одлучиле да се венчаат, како и нејзината одлука да ја одбие понудата на Обединетите НАции да се приклучи на нивната Комисија во истрагата за Газа.