Списанието „Пипл“ објавило фотографии од роденденската забава на Синди Крафорд, на која се гледаат Џорџ Клуни и неговата вереница Амал Аламудин, а на нејзината рака, се гледа прстен со огромен дијамант. Фотографите ја зграпчиле приликата и вереничкиот прстен го снимиле додека Амал нежно го прегрнувала актерот околу вратот.
Инаку, навоно самиот Клуни учествувал во дизајнирањето, а се прочуло и дека холивудскиот заводник, кој важел за вечен ерген, се одлучил за традиционално запросување. Клекнал пред својата избраничка и ја прашал дали би сакала да се омажи за него. Инаку, актерот во март престојувал во Дубаи, каде го запознал семејството на својата идна сопруга. Со нејзините браќа и сестри уживал на јахта. Близок роднина на Амал изјавилдека се среќни бидејќи лесно се спријателиле. Веднаш се чувствувале опуштено и пријатно.