Мундијалот во Бразил заврши прерано за италијанскиот фудбалер Марио Балотели, но затоа неговиот љубовен живот цвета. Папараците го фотографирале како на плажа во Мајами се забавува со вереницата Фани Негеша, со која е во врска повеќе од година дена.

Ја запросил на почетокот на Јуни, нрепосредно пред да го одигра првиот натпревар за својата репрезентација на Светското првенство против репрезентацијата на Англија. Балотели на плажата на прошетал својата препознатлива фризура, додека Фани го покажала своето тело на божица во бикини кое малку што сокривало.