Токму кога помисливме дека конечно го преболе Бред Пит и пронајде човек со кој ќе се скраси, Џенифер Анистон повторно остана со кратки ракави. Имено, како што јавуваат светските медиуми, нејзиниот вереник Џастин Теру одлучил да ја остави пред самата свадба во Мексико.
Наводно се било спремно за церемонијата, од венчавката и оделото, но тогаш испливала една тајна на Џастин од минатото, поради што познатата актерка се налутила. Избила голема кавга, по што тој одлучил да ја откаже венчавката. Парот засега не се огласил по повод овие наводи.