Ким Кардашиан моментално ужива во бројните честитки кои ги добива по повод веридбата со своето момче, кошаркарот Крис Хемфрис, но атрактивната старлета има уште една причина да биде среќна. Имено, популарниот НБА играч не се штедел ниту малку на вереничкот прстен. Дијамантскиот “Lorraine Schwartz” прстен од 20,5 карати со смарагд од 16,5 карати вреди колку половина од куќата на Ким, односно два милиони долари.


Всушност станувало збор за скапоцен камен со најголема прозирност и најчиста боја. Кошаркарот наводно го избрал прстенот со помош на мајката на Ким. Ја запросил пишувајќи со ливчиња од роза „дали сакаш да се омажиш со мене“ на нејзиниот кревет.