Вереничкиот прстен на Наполеон Бонапарта со неговата прва сопруга Жозефина де Беахарнаис бил продаден на аукција во Франција за 896 илјади евра, откако претходно бил проценет помеѓу 8 и 12 илјади евра. Прстенот со пречник од 18 милиметри, бил украсен со дијамант и сафир, двата во форма на крушка. Во тоа време Наполеон немал пари затоа прстенот бил толку едноставен.

Бил дел од збирката на принцот Виктор Наполеон, правнук на францускиот цар, кој наследил поголем број од неговите лични предмети. Наполеон во 1796 се оженил со влијателната вдовица Жозефина еден месец по свршувачката. Таа му помогнала да остане на чело на војската во походот на Италија, кој бил почеток на неговиот огромен успех.