Германците се благи фаворити за освојување на трофејот, но во финалето ќе настапат без најдобриот поединец, бразилецот Диего.
Украинците се надеваат на продолжување на “советската“ доминација, откако претходно трофејот го подигнаа руските Зенит и ЦСКА Москва во 2008 и 2005.
Двата финалисти никогаш претходно се немаат сретнато еден против друг.
Шпанецот Луис Медина Кантелехо ќе ја дели правдата на финалето. Кантелехо досега судел 45 меѓународни меча, а сезонава шест во ЛШ, меѓу кои и Челси – Ливерпул и Интер – Манчестер Ј. во елиминациските фази.