Составот на Вердер Бремен обезбеди опстанок и ги комплетираше екипите учеснички за следната сезона во најсилната фудбалска лига во Германија.
„Зелено белите“ во бараж двомечот со второлигашот Хајденхајм не победија, но благодарание на правилото гол во гости имаа подобар скор во дуелот. Првиот меч во Бремен заврши 0-0 додека реваншот кој се одигра вечерва заврши 2-2.
Од Бундес лигата директно без бараж отпаднаа Падерборн и Фортуна Дизелдорф, а пласман обезбедија Арминија Билифелд и Штутгарт.
OhridNews