Фернандо Вердаско експресно е дисквалификуван од францускиот грен слем турнир Ролан Гарос откако неговиот тест на коронавирус бил позитивен. Тенисерот, пак, тврди дека се работи за грешка или лажиран тест.

Фрустиран и тажен сум поради фактот дека нема да се натпреварувам на Ролан Гарос оваа година. Имам голема замерка до организираторот кој не ми даде прилика да се тестирам уште еднаш. – стои во соопштението од тенисерот.

Вердаско во август месец успешно се опорави од коронавирусот. Од тогаш до тестирањето во Париз, неговите тестовите биле негативни, вклучувајќи ги членовите во стручниот штаб и најблиското семејство, кое го прати на турнирите ширум светот.

OhridNews