Еден трговски центар во Хонг Конг во неделата имал необичен посетител, вепар кој залутал во продавница за детска облека. Животното во продавницата влегло од задната страна, пробивајќи дупка низ лажниот плафон. Локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за 25 килограми тешка женка.

 

На фотографиите кои ги прикажале локалните медиуми се може да се види како купувачите гледаат во животното кое се качува на масите, лута по продавницата и ги соборува куклите и знаците. Вепарот на крајот бил успиен со седативи и префлен во центар за рехабилитација. Како што пренесуваат агенциите, веприте се честа појава во Хонг Конг, посебно во шумовитите брда на северот на земјата.