Познатата тенисерка Венус Вилијамс, петкратната победничка на Вимблдон, позирала гола за списанието ESPN. Во интервјуто, помеѓу останатото, зборувала и за својата борба со тешката болест. Познатата тенисерка болува од автоимуна болест, која се карактеризира со стварање на антитела кои го напаѓаат сопственото ткиво. Оваа болест предизвикува воспаление на одредени жлезди во организмот, и губење на енергија и болки што за професионалните спортисти може да значи и крај на кариерата.

Венус за списанието изјавила дека за време на најтешките периоди воопшто не можела да игра тенис, па дури и по шест месеци. Но, го прифатила фактот дека нејзиниот живот нема никогаш да биде ист како и пред болеста. Моментално е 31 играч на светот, а позната е по најбрзиот измерен сервис во историјата на женскиот тенис.