Американската тенисерка Венус Вилијамс планира да се врати на турнирите во март 2024 година.

Четириесет и тригодишната Американка се уште се опоравува од падот на Вимблдон. Таа не се натпреварувала од УС Опен.

Направив се што е можно за да се опоравам за УС Опен. Не се вратив во форма, па сега само одмарам пред да се вратам. Го таргетирам март, тогаш турнирите ќе се вратат во САД, така што мојата цел е да бидам во акција кога турнирите ќе се вратат во Америка, изјави Вилијамс.

Во тековната сезона Венус одигра 10 натпревари и победи на три.

OhridNews