Семејството Шапкар реагира на начинот на кој полициските екипи денеска го извршиле вадењето на остатоците од глисерите кои беа вклучени во несреќата. Оттаму тврдат дека тоа е направено незаконски, без налог и присуство на истражен судија.
– Иако е законска обврска за денешниот увид не беше информиран бранителот на Христијан, рече Венко Шапкар кој не информираше дека неговото семејство за тоа во писмена форма реагирало до истражниот судија. Венко Шапкар смета дека во случајот постои тенденција и злонамера со цел да биде наместен неговиот син. Според него извадениот дел од пловниот објект на починатата во несреќата е многу битен доказ за истрагата и индикативно е зошто се чекало до сега за да се направи подводниот увид.
Семејството Шапкар реагира и на одредени натписи во дел од медиумите кои според него изнеле многу невистини за случајот.